Мобилност Македонија аплицирање за проекти финансирани од Европска комисија
Мобилност Македонија како партнер организација на Центарот за одржлив развој „АЛКА“ од Скопје, до канцеларијата на Европската комисија во Македонија, аплицираше со проект на тема „Обезбедување на услови за инклузивно образование на лицата со телесен инвалидитет“. Нашата констатација дека бариерите на физичката средина се основна пречка за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во општеството, и основна пречка во процесот на едукација бидејќи не можат да го бираат своето образование во сите степени, туку се принудени да користат услуги во образованието во училишта кои се колку-толку адаптирани и пристапни. Тоа доведува до извесен степен на неквалитетно образование и прекунување на натамошна едукација кај младите лица со телесен инвалидитет по завршување на основно или евентуално средно училиште. Цел на проектот е изработка на публикувана студија за состојбата во предучилишните установи, основните и средните училишта во Македонија во однос на архитектонските односно физичките бариери за лицата со телесен инвалидитет. Друга цел на проектот е подигнување на свеста кај образовниот кадар, родителите и општата јавност за потребите на децата со телесен инвалидитет во образовните институции.Во рамките на проектот ќе бидат изработени акциски планови за подобрување на условите за инклузивно образование на локално и национално ниво и истиот „тежи“ преку 100.000 евра.
Остварен прием кај новиот министер за труд и социјална политика, Димитар Спасов
На покана на министерот за труд и социјална политика, Димитар Спасов, делегација на Мобилност Македонија во состав: Бранимир Јовановски-претседател, Софка Прчева-генерален секретар, Христина Просковска, Александар Јовановски и Томислав Попов-членови, на 18.06.2013 година оствари работна средба со министерот во неговиот кабинет.
Министерот Спасов, поттикнат од потпишаната Петиција од страна на лицата со телесен инвалидитет, но и во рамките на својата определба да стапи во непосреден контакт со претставниците на националните инвалидски организации, покани претставници од Мобилност Македонија за да ги слушне приоритетните барања и да се обидеме, во услови на партнерски однос и разбирање, да најдеме решение за реализација на нашите барања, со напомена дека треба да бидеме свесни за економската состојба во која се наоѓа Република Македонија, што директно се рефлектира и на можностите на Буџетот на РМ.
Втора масовна рекреативна средба на лица со телесен инвалидитет во СРЦ „Треска“ - Скопје
На 15.06.2013 година на просторот на Спортско-рекреативниот центар „Треска“ во Скопје се одржа втората масовна рекреативна средба на лицата со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија, на која учествуваа околу 400 лица со телесен инвалидитет и нивни придружници.
Одржани 25-ти Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија
Од 06-09.06.2013 година на спортските борилишта во Охрид и Струга беа одржани 25-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија. На игрите настапија 80 натпреварувачи од Мобилност Македонија. Овие игри имаа и меѓународен карактер, бидејќи во рамките на игрите се одржа двомеч помеѓу пингпонгарските репрезентации на лицата со инвалидност на Македонија и Хрватска. Заради обврските и учество на меѓународни турнири, првиот тим на Хрватска во пинг понг не беше во можност да одговори на нашата покана за учество. На наше задоволство, селекторот на Хрватска во пинг понг, Емил Губица, успеа да обезбеди двајца играчи од вториот тим на Хрватска и заедно со еден тренер и двајца придружници допатуваа во Македонија. Пингпонгардскиот тим на Хрватска го сочинуваа: Емил Губица – селектор и спортист, Ивица Вугринец и Велибор Јозиќ – спортисти, Мирела Шикоронја – тренер и Антон Ѓерек – асистент.