НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

ОДРЖАНА I-ТА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА И ОДБЕЛЕЖАН 20-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МОБИЛНОСТ ДЕБАР

11На 11.05.2013 година, согласно одлуката на Управниот одбор на Мобилност Македонија во Дебар се одржа I-та пo ред тематска работилницa во рамките на која пригодно беше одбележан и јубилејот 20 години успешно работење и делување на Мобилност Дебар. Во присуство на членови на скоро сите здруженија на Мобилност Македонија, гости од невладини организации на Дебар, претставници на подрачни едници на одделни министерства, соработници и пријатели, како и претставници од инвалидските организации на Република Албанија, Атли Горенца, претседателот на Мобилност Дебар им се обрати на присутните и им се заблагодари за нивното присуството на одбележувањето на нивниот јубилеј. 

 На присутните им се обрати и генералниот секретар на Мобилност Македонија Софка Прчева, која истакна дека од самиот почеток, и покрај минималните просторни и материјални услови за работа, иако стручно административните работи се вршеа волонтерски, благодарение на извонредните активисти, кои работеа со голем ентузијазам, елен и желба за успех, ова здружение е многу активно и успешно во остварувањето на програмските активности и воопшто целите и задачите.

Првиот претседател на Мобилност Дебар, Осман Машкули, говореше за сите членови, активисти, организации и институции кои дале свој придонес и оставиле траги во успешното 20 годишно работење на здружението.
Вториот претседател на Мобилност Дебар, Буран Бала преку видео презентација ги претстави сите позначајни активности на здружението во изминатите 20 години.

На крајот од официјалниот дел, актуелниот претседателот на Мобилност Дебар, Атли Горенца додели благодарници на истакнати поединци и здруженија.

Во работниот дел на тематската работилница свое предавање имаше професорот од Државниот универзитет во Тетово д-р Наим Иса, специјалист физијатар на тема „Церебрална парализа и ендопротези на колк“ како прва тема и „Ампутација“- втора тема. Предавањето на д-р Наим Иса беше разбирливо за присутните, со толкување на медицинските изрази, достапен и прилагоден за присутната публика. Темите предизвикаа голема заинтересираност кај присутните членови, кои по предавањето поставија бројни прашања од горенаведените теми.