НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Мобилност Македонија аплицирање за проекти финансирани од Европска комисија

03Мобилност Македонија како партнер организација на Центарот за одржлив развој „АЛКА“ од Скопје, до канцеларијата на Европската комисија во Македонија, аплицираше со проект на тема „Обезбедување на услови за инклузивно образование на лицата со телесен инвалидитет“. Нашата констатација дека бариерите на физичката средина се основна пречка за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во општеството, и основна пречка во процесот на едукација бидејќи не можат да го бираат своето образование во сите степени, туку се принудени да користат услуги во образованието во училишта кои се колку-толку адаптирани и пристапни. Тоа доведува до извесен степен на неквалитетно образование и прекунување на натамошна едукација кај младите лица со телесен инвалидитет по завршување на основно или евентуално средно училиште. Цел на проектот е изработка на публикувана студија за состојбата во предучилишните установи, основните и средните училишта во Македонија во однос на архитектонските односно физичките бариери за лицата со телесен инвалидитет. Друга цел на проектот е подигнување на свеста кај образовниот кадар, родителите и општата јавност за потребите на децата со телесен инвалидитет во образовните институции.Во рамките на проектот ќе бидат изработени акциски планови за подобрување на условите за инклузивно образование на локално и национално ниво и истиот „тежи“ преку 100.000 евра.

За жал, непосредно пред излегување на овој број на нашето гласило добивме информација од „АЛКА“ дека нашиот проект не ја поминал првата фаза. Од 50 можни, нашиот проект добил 46 поени, но сепак тоа не било доволно да се најде меѓу оние проект кои ќе бидат финансирани од Еропската комисија. Како и да е, Мобилност Македонија ќе ги искористи своите ресурси по градовите за да започне активност со која ќе се детектираат бариерите и ќе се пристапи кон поднесување на конкретни барања во локалните замоуправи и до образовните институции оваа состојба во најитен можен рок да се подобри.

Вториот проект во кој нашиот сојуз се позиционира како партнер организација на БСЦ ЕСТЕК е од областа на ефективното вработување на лицата со телесен инвалидитет. Мобилност Македонија преку БСЦ ЕСТЕК, до канцеларијата на Европската комисија аплицираше со проект од областа на ефективно вработување на лицата со телесен инвалидитет, во прва фаза преку утврдување на креативни способности и креативна заинтересираност на лицата со телесен инвалидитет, а потоа со организирање на креативни работилници и обука за вклучување на пазарот на трудот. За овој проект се уште немаме информација дали ја поминал првата селективна фаза од страна на Европската комисија. Доколку ја помине, ќе се пристапи кон пишување на детален Проект во кој, според првичниот договор со БСЦ ЕСТЕК, ќе бидат опфатени лица со телесен инвалидитет од неколку градови од Република Македонија.