На Скопскиот саем се одржаа етно денови на жените на Гази Баба организирани од општинта на Гази Баба. Оваа манифестација беше отворена од градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, а присутните ги поздрави и организаторот на саемот г-ѓа Ленче Јовановска.
Манифестацијата имаше забавно - музички дел во кој со свои настапи се претставија гости од Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ и гости од Македонско-српско здружение од Краљево кои беа облечени во народни носии.
Етно салата беше украсена во етно стил. Исто така беа украсени и штандовите на кои беа претставени народни носии, уметнички ракотворби, разновидни украси, накити, бардаци, тави и многу други рачно изработени предмети. Освен претставнички од сите општини во Градот Скопје, со свои штандови се претставија жените од Прилеп, Крушево и Врање.
Мобилност Скопје се претстави со производи – рачен изработен накит направен на својата креативна работилница. Посетителите го разгледуваа накитот, се воодушевуваа на нашите вредни раце и способност и секако имаше и такви кои си купија по некој примерок. Првиот ден на саемот накитот го изложија Славица Стојановска и Биљана Вељановска кои исконтактираа со жени од други креативни работилници за понатамошна соработка, разменување на искуства и слично.
Нашиот штанд го посети и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски кој се воодушеви на нашите врдни раце и во разговорот вети дека ќе ја посети нашата креативна работилница.
Следниот деа на саемот бевме претставени од Гоце Миновски, Христина Проскоска, и претсеателот на здружението Дејан Ѓорѓиевскикои исто така беа импресионирани од убавата на атмосферата која владееше тие два дена на оваа манифестација.
На саемот имаше група жени кои на својот штанд изложија и продаваа производи од тесто, пити, кифли, солени и слатки производи од домашна изработка и тој штанд беше најпродаван.
Оваа манифестација се одржуваше по прв пат и беше многу посетена и успешна.
Ние посакуваме да од година во година прерасне во традиција.