НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Мобилност Скопје со својата креативна работилница во  Нови Књежевац

slika 2Здружението на лица со телесен инвалидитет Скопје Мобилност Скопје учестваше   на креативната  работилница за рачна изработка на накит во Нови Кнежевац Србија, на покана од збратименото Здружение на лица заболени од мултипла склероза на Севернобанатскиот округ со седиште во Нови Кнежевац.

Заедничката соработка во спроведување на креативните работилници за изработка на накит e започната и трае повеќе  години. Нивното искуство во изработка на накит го пренесовме кај нас. Тоа искуство пррасна во креативна работилница за изработка на накит и за меѓусебно другарување. Учесниците на работилницата си најдоа  свое катче за изразување на своите способности, креативности и фантазии. Преку другарување и работа раководителот на работилницата Славица Стојановска  успеа да ги задржи посетителите на работилницата и да го зголеми нивниот број. Така  секој четврток се очекува со нетрпении и тоа е  еден извонреден состанок на кој има две точки на дневниот ред и тоа работа и другарување.

Така релаксирани и полни со желба да научиме уште нешто повеќе за да се искачиме една скала погоре појдовме во Војводина каде навистина се случи тоа. Нашата професорка Љутка беше најпрво изненадена покасно малку вознемирена а на крај фасцинирана од тоа како што велеше она сакаме веднаш ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ДЛАБОКИ ВОДИ но сепак секој од нас извонредно доплива до целта. За нас беше тоа огромно задоволство да се воодушеви една прекрасна особа од нас и нашето работење и затоа добивме мотив плус кој ќе ни биде водич за понатаму.

Гостољубивоста нема да ја заборавиме ако споменеме дека нашите вешти раце беа насликани  и снимени на нивната локална телевизија и дека бевме преставени како едни од најдобрите ученици кои дотогаш присуствувале на нивната работилница. Нивната награда кон нас беше повеќепати покажана на различни начини со тоа што имавме можност да присуствуваме на поетската вечер која секоја година се оддржува во Нови Књежевац на исто место во исто време во домот на Даница и Радомир каде нашите сетила беа почастени со прекрасни напишани стихови, посета на многу излетнички места и градчиња и сето тоа проткаено толку синхронизирано од нивната позитивна смирувачка топла и смирувачка насмевка за да во секој момент се чуствуваме како да се наоѓаме дома и меѓу најблиските.

Таквите импресии кои во нас (Марина Сурловска, ДалиборкаДимитриевик, Соња Тасеска, Гоце Миновски,Александар Јовановски, Ивона Груевска, Христина Просковска, Дејан Ѓорѓиевски) се собраа за толку кратко време на едно место секако ќе им ги должиме на нивната претседателка Славица Зориќ, нашиот претседател Дејан Ѓорѓиевски, професорката Љутка и нивните членови кои неуморно и несебично помагаа во целото наше дружење  и работење.

Искуствата нема да застанат тука тврдат сите членови и се спремни тоа да продолжи да се надоградува возобновува и биде една наша култура и обележје на нашето здружение.