19-ти Републичкиот квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет
Малата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско, Струмица од 08-10.11.2013 година беше претворена во арена во која се одвиваа дводневните борби помеѓу 17 екипи учеснички на 19-от Републички квиз натпревар за лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија – Мобилност Македонија.
Годинава, Управниот одбор на Мобилност Македонија одлучи да воведе новини во организирањето, одржувањето и наградувањето на Републичкиот квиз натпревар. Имено, најнапред се донесе одлука да се набави целосно нова апаратура за спроведување на квиз натпреварот. Се поврзавме со фирма од Велес која и досега ни ги одржуваше компјутерите и интернет страницата, и за еден месец согласно нашите барања и инструкции пултовите беа спремни да се стават во функција на натпреварот. Со модерни и елегантни дисплеи и мали правоаголни кутии со по четири тастери на секоја од нив, како и еден главен пулт од кој претседателот на жири комисијата ја координираше работата на пултовите и се грижеше за тајмингот на пријавувањето, опремата се покажа целосно исплатлива и моќна да даде нова димензија во спроведувањето на натпреварот.
За разлика од минатите години беше променето и бодирањето, и начинот на одговарање, а вистинско освежување донесе играта брзи прсти во која поред позитивните поени за точен одговор, екипите за неточен одговор добиваа минусни поени. Сето ова придонесе за поголема динамика и неизвесност, така да во повеќе игри буквално до последен момент не можеше да се предвиди победникот. Во првата игра во која натпреварувачите одговараа со „ДА или НЕ„, согласно пропозициите, доколку 4 екипи дадат точен одговор добиваа по 1 поен, 3 екипи по 2 поени, 2 екипи по 3 поени и доколку само една екипа даде точен одговор добиваше 4 поени. Втората игра „1,2,3 или 4“, во која за одговор беа понудени 4 одговори, согласно пропозициите, доколку 4 екипи дадат точен одговор добиваа по 2 поени, 3 екипи по 3 поени, 2 екипи по 4 поени и доколку само една екипа даде точен одговор добиваше 5 поени. Во играта Музички прашања, екипите имаа право да се пријавуваат за одговор веднаш откако ќе го слушнат првиот тон од музичкиот инсерт, а одговараа по систем на брзи прсти. За точен одговор добиваа 8 поени, а за неточен им се одземаа -4 поени. Во играта Финални прашања, екипите имаа право да се пријават за одговор веднаш откако ќе биде прочитано прашањето, односно откако претседателот на жири комисијата ќе го ослободи тастерот и стави софтверот за бележење на редослед на одговарање во функција. За точен одговор екипите добиваа 10 поени, а за неточен им се одземаа -5 поени. Во финалето имаше и дополнителна игра „Кој сум јас“, во која беа читани по 8 реченици и доколку екипата одговори на првата добива 16 поени и по два помалку за секоја следна реченица.
Со воведените новини, поред подобрување на динамиката и неизвесноста на играта, Мобилност Македонија повеќе нема потреба да изнајмува пултови и технички персонал за спроведување на квиз натпреварот со што се намалуваат дел од трошоците за организација на истиот.
Годинава седумнаесет екипи од шеснаесет општински и меѓуопштонски здруженија два дена ги одмеруваа силите за да го освојат епитетот на најуспешни квизаџии од редот на лицата со телесна инвалидност на Македонија за 2012 година. Втора година по ред екипата од Мобилност Струга не учествуваше на натпреварот.
Водител на Републичкиот квиз натпревар 2013 беше авторот на овој текст, Бранимир Јовановски, кој во паузите додека се сумираа поените вметнуваше интересни коментари, шеги, афоризми, и најразлични занимливости, кои едновремено ја намалуваа напнатоста кај учесниците, меѓутоа и ја забавуваа публиката.
Жири комисијата ја сочинуваа: авторот на прашањата, г-дин Зоран Јордановски – претседател на жирито, генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софче Прчева и генералниот секретар на НФСРИМ-МПК, Драган Дојчиноски, членови на жири комисијата.
Согласно пропозициите, најпред се изврши жребањето за елиминаторното коло и за четирите четвртфинални квизови. За носители на четирите четвртфинални групи беа поставени минатогодишните финалисти, односно екипите на: Скопје I, Охрид, Куманово и Скопје II. Жребањето го изврши жири комисијата во присуство на претставници од сите екипи. Со оглед на тоа дека во конкуренција беа пријавени 17 екипи, најнапред беше одржано жребањеза елиминаторното коло во кое се сретнаа екипите на: Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп. Една екипа, онаа со најмалку поени, го заврши натпреварувањето, а првопласираните три екипи ги пополнија четвртите места во втората, третата и четвртата четвртфинална група. Најмалку знаење во елиминаторниот квиз натпревар покажа екипата на Мобилност Кавадарци, со освоени 24 поени се пласира на четвртото место и го заврши натпреварувањето.
Во продолжение на првиот натпреварувачки ден беа одржани четирите четвртфинални борби.
Во првата група победи екипата од Велес со 32 поени, второпласирана беше екипата на Радовиш со 22 поени, а борбите ги завршија екипите на Кочани со 21 поен и Скопје I со 10 поени.
Во втората група победи екипата од Струмица со 78 поени, второпласирана беше екипата на Охрид со 53 поени, а борбите ги завршија екипите на Свети Николе со 25 поени и Тетово со 12 поени.
Во третата група победи екипата од Кичево со 30 поени, второпласирана беше екипата на Гевгелија со 28 поени, а борбите ги завршија екипите на Куманово со 22 поени и Дебар со 20 поени.
Во третата група победи екипата од Битола со 55 поени, второпласирана беше екипата на Штип со 42 поени, а борбите ги завршија екипите на Скопје II со 38 поени и Прилеп со 6 поени.
Никој не очекуваше дека повеќекратни победници и медалисти на претходните квиз натпревари, екипите на: Скопје I, Скопје II, Кочани, Куманово... ќе испаднат во првото коло.
Првопласираните две екипи од секоја четвртфинална група се пласираа за натамошните борби во полуфиналето. Вториот натпреварувачки ден беа одржани полуфиналните натпревари, како и финалниот натпревар. Согласно пропозициите, двете полуфинални групи беа составени по следната формула: во првата полуфинална група првопласираната екипа од првата четврт-финална група, втората од втората, првата од третата и втората од четвртата четврт-финална група, додека втората полуфинална група ја сочинуваа второпласираната екипа од првата четврт-финална група, првата од втората, втората од третата и првата од четвртата четврт-финална група. Со ова беше постигнато избегнување на повторен дуел помеѓу две исти екипи, како и рамноправност во квалитетот на екипите бидејќи полуфиналните групи беа составено од по 2 првопласирани и две второпласирани екипи од квалификациските групи.
Првата полуфинална група ја сочинуваа екипите на: МобилностВелес,Мобилност Охрид, Мобилност Кичево и Мобилност Штип. По завршување на четирите игри, екипите на МобилностОхрид со освоени 54 поени ина Мобилност Велес со освоени 23 поени се пласираа во финалето, додека екипите на Мобилност Кичево со освоени 22 поени ина Мобилност Штип со освоени 11 поени го завршија своето учество.
Втората полуфинална група ја сочинуваа екипите на: Мобилност Радовиш, Мобилност Струмица, Мобилност Гевгелија, и Мобилност Битола. По завршување на четирите игри, екипите на Мобилност Гевгелија со освоени 54 поени и на Мобилност Струмица со освоени 44 поени се пласираа во финалето, додека екипите на Мобилност Битола со освоени 25 поени и Мобилност Радовиш со освоени 15 поени го завршија своето учество.
Капитените на екипите кои се пласираа во финалето го извекоа редоследот на пултовите во финалето. На позиција број еден беше екипата на Мобилност Охрид, на позиција број два екипата на Мобилност Гевгелија, на позиција број 3 екипата на Мобилност Велес, и на позиција број четири екипата на Мобилност Струмица. По исклучително квалитетна и фер борба во која беше покажано многу знаење, на крај екипата на Мобилност Струмица составена од: Дивна Танева, Љубица Боевска и Љубе Лазаревски, со освоени 97 поени убедливо го освои првото место. На второто место се пласира екипата на Мобилност Охрид во состав: Снежана Танеска, Венко Голабоски и Муштеба Амети, со освоени 79 поени, додека третото место го освои екипата на Мобилност Гевгелија во состав:Никола Марачков, Дејан Атанасовски и Марко Лазаров со освоени 57 поени. На четвртото место се пласира екипата на Мобилност Велес во состав: Антон Коцевски, Миланчо Арсовски и Владо Владов со освоени 29 поени.
За следниот, јубилеен дваесетти по ред Републички квиз натпревар, финалистите ќе бидат носители на четвртфиналните групи, согласно редоследот кој го освоиле на претходниот натпревар. Првата четвртфинална група ќе ја предводи екипата на МобилностСтрумица, втората ќе ја предводи екипата на Мобилност Охрид, третата екипата на Мобилност Гевгелија и четвртата екипата на Мобилност Велес.
Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, на првопласираните 3 екипи им врачи плакети и дипломи, додека генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софка Прчева, им врачи мали плакети за учество во екипа која освоила едно од првите три места на сите членови од наградените екипи. Донесена е одлука и следните квиз натпревари да се наградуваат на ваков начин.