Успешно реализиран проект, одобрен од Собрание на град Скопје
Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност Скопје, по објавениот јавен повик за проекти во областа на спортот од јавен интерес за Град Скопје за 2013 година, изработи и поднесе девет проекти од кои што беа одобрени три проекти и тоа за: Турнир во Шах по повод 13 Ноември, Меѓуопштински натпревар во пинг понг за лица со телесен инвалидитет и Натпревар воАтлетика за лица со телесен инвалидитет.
Проектот натпревар по Атлетика за лица со телесен инвалидитет беше одобрен и финансиски потпомогнат од Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски и Советот на град Скопје.
На 2 ноември 2013 година се одржа натперварот во населбата Железара на зелената површина позади Ремедика. На натпреварот учествуваа членови на Мобилност Скопје и се натпреваруваа во две категории - лесна и тешка. Судија на натпреварот беше Драган Дојчиноски. На крајот на натпреварот на тројцата првопласирани од двете категории им беа доделени награди и медали за освоено прво, второ и трето место на натпреварот.