НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Мобилност Македонија ќе спроведе Проект

- Изградба на инклузивни детски игралишта - 

slika 2Мобилност Македонија од страна на Министерството за труд и социјална политика беше избрана како национална инвалидска организација која ќе спроведе проект „Инклузивни детски игралишта“. Ова ни претставува особена чест и задоволство, но и голема обврска во процесот на изградба на игралиштето. На 30.10.2013 година во канцеларијата на Мобилност Македонија се одржа работна средба со претставниците од Министерството за труд и социјална политика на која од наша страна беа присутни претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, како и претставниците од Министерството за труд и социјална политика: Жаклина Величковска – раководител на сектор за односи со јавноста, Душан Томшиќ од одделението за социјално вклучување и Марјан Гијовски – портпарол на министерството.

Присутните од министерствотоистакнаа дека работната средба се одржува по препорака на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој предложил Мобилност Македонија да се вклучи во реализација на проектот за изградба на инклузивни игралишта за деца со инвалидитет. Во реализација на проектот ќе биде вклучена и Школата на лидери од кабинетот на Претседателот на државата, а Душан Томшиќ истакна дека проектот со кој се предвидува да се изгради инклузвино игралиште на почеток  во Градот Скопје, потоа предвидува да се најдат инвеститори за изградба на уште на 20 локации низ државата. Изработени се како донација два предлог Проекти за изградба на инклузивните игралишта, а Мобилност Македонија во рамките на одобрените средства, ќе учествува во  изборот на  подобриот, како и во изборот на изведувачот на градежните работи.

Мобилност Македонија смета дека е подобро елементите од инклузивните игралишта (лулашки, клацкалки и сл.) да се вградат во постоечките детски игралишта и на тој начин тие ќе бидат во вистинска смисла на зборот инлузивни детски игралишта. Значи поентата е на едно исто место да играат и да се дружат сите деца, вклучително и децата со инвалидност.

Душан Томшиќ ги запоза присутните со активностите околу определување на локација на територијата на град Скопје за изградба на инклузивното игралиште. Истакна дека по разговорите што ги имал во секторот за урбанизам во Градот Скопје, во петок на 1 ноември очекува да добие предлог-локација за изградба на инклузивното игралиште. Тоа и се случи и во понеделникот на 04.11.2013 година појдовме до локацијата во Градски парк на која се предвидува изградбата. Во меѓувреме проектантот изврши корекција на Проектот во однос на габаритите кои ги детерминира доделениот простор од Градот Скопје, а Владата на РМ на својата седница од 22.10.2013 година донесе Одлуказа изменување и дополнување на одлуката за распределување на средстваод приходите од игри на среќа и од забавни игри во 2013 година бр. 41-7574/1 со која на Мобилност Македонија за финансирање на годишната програма (во овој случај за изградба на инклузивно игралиште) и додели дополнителни 1.000.000,00 денари. Во рамките на овие средства, врз основа на прибирање на понуди од најмалку 3 фирми кои се занимаваат со изработка и поставување на вакви реквизити,  ќе треба да се набават реквизитите кои ќе се постават на игралиштето, додека градежните работи за уредување на просторот ќе бидат донација од Градот Скопје.

Портпаролот во Министерството за труд и социјална политика, Марјан Гијовски, зеде обврска да закаже работна средба кај министерот по ова прашање, која средба секако ќе ја искористиме и за актуелизирање на други прашања кои се од особен интерес за нашето членство.