НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1Мобилност Кичево на 18 октомври 2014 година во хотелот „Кичево“ ја оргнизираше тематската работилница под покровителство на Мобилност Македонија на тема мултиплекс склероза и церебрална парализа. Организаторот покани по три претставници од здруженијата членки на Мобилност Македонија да земат учество на работилницата.

Тематската работилница ја отвори претседателот на Мобилност Кичево, Бобан Јордановски, а по поздравниот говор од претседателот на Мобилност Македонија најнапред на темата „Мултиплекс склероза„ свое излагање имаше Прим.д-р Мирче Лазарески од Кичево. Во продолжение темата „Новите методи на физикалната терапија кај лицата со телесен инвалидитет“ги презентираше Јованка Мисајлеска, претставничка од Центарот за физикална терапија „Релакс“ од Кичево. На крај од работниот дел, на присутните им се обрати Спец.Интернист-пулмолог д-р Елена Попоска презентирајќи ја темата „Кардиоваскуларни проблеми кај лицата со телесен инвалидитет“ (кај лица со мултипла склероза и церебрална парализа).

Присутните членови зедоа активно учество во работата на тематската работилница поставувајќи бројни прашања кои иницираа бројни одговори од стручните лица, презентери на работилницата.

Уште една успешно организирана тематска работилница.