Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет, на 01.12.2014 година, по повод одбележувањето на “3 Декември” - Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во ДХО “Даре Џамбаз” организираше турнир во шах помеѓу шаховските репрезентации на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Националниот сојуз на слепи на Македонија, Националниот сојуз на глуви на Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија. На турнирот, иако уредно поканета, не настапи екипата на Националниот сојуз на инвалидите на трудот на Македонија.
Секоја екипа броеше по 4 натпреварувачи, и по одиграните 3 кола, првото место го освои екипата на Мобилност Македонија, во состав: Јанчо Ѓорѓевски, Мирослав Бучевски, Даниел Нуневски и Адем Неби, со освоени 9,5 поени. Второто место го освои екипата на Националниот сојуз на слепи на Македонија со 8,5 поени, третото Националниот сојуз на глуви на Македонија со 4 поени и четвртото Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија со 2 поени.
Преодниот пехар на победниката екипа го предаде претседателот на НФСРИМ-МПК, Коце Димов.