НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

02Како чин на општествена одговорност и предизвик да се изгради фер општество пристапно за сите без исклучок, команијата АДИНГ од Скопје, чија дејност е производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво, донираше нивни производи на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација во Охрид. Донацијата се состои од лепила, хидроизолации и смеси за фугирање, потребни за санација и обнова на подните површини на 11 апартмани во Охрид, со кои располага Мобилност Македонија. Со обновата на овие објекти, на нашите членови ќе им овозможиме користење на пристапни и безбедни сместувачки капацитети преку целата годинакои ќе се користат за спроведување на програмата за опоравок и рехабилитација, но и одржување на тркалезни маси, работилници, симпозиуми, ликовни колонии и спортско-физички подготовки.

Мобилност Македонија изразува голема благодарност до сопствениците и управувачкиот борд на компанијата АДИНГ за големото разбирање и одлуката да донираат материјали за реновирање на објектите.
АДИНГ е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство на хемиски материјали во градежништвото. Присутна со свои фирми и претставништва во регионите на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Азија. Производството се врши во капацитетите во седиштето на компанијата во Скопје, а дел е организирано и во Р.Бугарија и Иран.