На 02.03.2022 година, во организација на канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија и Народниот правобранител на Република Северна Македонија, беше организирана регионална конференција на тема: „Јакнење на Националните институции за човекови права како независни механизми за следење на примената на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост (КПЛП).”
Конференцијата имаше за цел да овозможи конструктивен дијалог, насочен кон конкретни активности за унапредување на инклузивен, еднаков и одржлив развој во земјите од Западниот Балкан, водејќи се од меѓународните стандарди за човекови права и заложбите на Агендата 2030 дека никој нема да биде изоставен во тој процес. Во фокусот на дискусиите беше зајакнувањето на улогата и соработката помеѓу Националните институции за човекови права (НИЧПи) во регионот, кои имаат значајни и широки надлежности во насока на промоција и заштита на човековите права, вклучително и на правата на лицата со сите видови на попреченост. Меѓу останатите надлежности, НИЧПи исто така имаат централна улога на независни механизми за следење на примената на КПЛП на национален план.
Учесниците, како претставници на НИЧПи, организациите на лицата со попреченост и граѓанскиот сектор од Западниот Балкан, заедно со нивните колеги од други европски земји, Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост, агенциите на ОН и други организации, имаа можност да споделат искуства, добри практики и иницијативи во однос на функционирањето на независните механизми за следење на примената на Конвенцијата. Конференцијата, едновремено, поттикна отворен дијалог и за предизвиците и можностите за продлабочување на синергијата и соработката за доследно почитување и остварување на фундаменталните слободи и права, особено на жените и мажите, девојчињата и момчињата кои живеат со попреченост и кои се изложени на ризик да бидат изоставени. Заклучоците и препораките што произлегоа од конференцијата ќе бидат основа и рамка за натамошно делување, од која ќе се инспирираат и раководат НИЧПи, граѓанскиот сектор и движењата за инклузија на лицата со попреченост, државните институции и другите чинители во регион.
ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА:
10:45 – 11:00 Online регистрација на учесниците и техничка проверка
11:00 – 11:15 Воведни обраќања
11:15 – 12:30 Сесија 1: Обврските според КПЛП во однос на независните рамки за следење. Кои се обврски што треба да ги исполни секоја држава потписничка при востанувањето на рамка за следење на примената на КПЛП на национално ниво? Кои се конститутивните елементи на независната рамка односно механизам за следење? Начини на кои се обезбедува ефективно и суштествено учество на лицата со попреченост и
нивните претставнички организации во рамката за следење?
Предуслови во однос на независната рамка за следење според КПЛП. Панелисти (по 15 минути секој), проследено со дискусија беа:
-Маркус Шефер, член на Комитетот за КПЛП и контакт лице за интеракција со НИЧПи усогласеноста на НИЧПи со Париските принципи
-Лиза Секагаја, офицер за човекови права, Оддел за национални институции и регионални механизми, Канцеларија на Високиот комесар за човекови права, (ОХЦХР), Женева
-Јурис Јансонс, Омбудсман на Латвија
12:30 – 14:00 Сесија 2: Независни механизми за следење (НМС) – клучни функции и добри практики
Во текот на сесијата се презентираа и дискутираа надлежностите на НИЧПи во извршување на функциите на независни механизми за следење. Низ призмата на компаративни модели и структури и добри практики, учесниците се запознаа со значењето и опфатот
на трите главни функции на овие механизми - промоција, заштита и следење на состојбите и правата на лицата со попреченост. Беа споделени и позитивни искуства во однос на вклучувањето на лицата со попреченост и нивните организации во процесот на следење – облици на нивно учество, предизвици, можности и научени лекции.
Панелисти (по 12 минути секој), проследено со дискусија:
Компаративен преглед на моделите на НМС:
-Екатерине Складзе, заменик Народен правобранител на Грузија, претседавач со работната група за КПЛП на Европската мрежа на НИЧПи
-Анет Илвес, правен советник, Оддел за социјални, економски и културни права, народен правобранител на Латвија.
Инклузија и суштествено учество на граѓанското општество, вклучително и лицата со попреченост и нивните претставнички организации
-Ен-Софи Ликнехт, офицер за човекови права, Европски форум за попреченост
-Артур Ајвазов, заменик претставник, УНИЦЕФ Северна Македонија
-Силвиа Куан, поранешен заменик претседавач со Комитетот за КПЛП, виш советник за човекови права на Меѓународната
алијанса за попреченост и поранешен член на НМС на Гватемала
14:00 - 14:30 Пауза
14:30 - 15:30 Сесија 3: Ангажирање/комуникација и соработка/партнерство со различни чинители на меѓународно, Европско и национално ниво
Во текот на сесијата се разгледаа придобивките, начините и модалитетите на активно ангажирање и соработка на НМС со различни чинители, посебно со Комитетот за правата на лицата со попреченост и други тела на меѓународен план. Посебно внимание се посвети на соработката и поддршката на ОН во унапредување на инклузијата и правата на лицата со попреченост во регионот. Исто така, се говореше за интеракцијата на НМС со националните институции, како Парламентите тела задолжени за координација на
примената на КПЛП, механизми за известување и следење на препораките на меѓународните тела, итн. Дали е возможен заеднички пристап?
Панелисти (по 12 минути секој), проследено со дискусија беа:
-Маркус Шефер, член на Комитетот на КПЛП и контакт лице за односи со НИЧПи
-Роберт-Јан Ухл, аналитичар, Оддел за фер и еднакви општества, Агенција за фундаментални права на ЕУ
-Аинура Бекоенова, регионален експерт за политики поврзани со човекови права, безбедност и владеење на правото, УНДП регионална канцеларија во Истанбул
15:30 - 16:20 Сесија 4: Продлабочување на соработката и размена на искуства на помеѓу НИЧПи од земјите на Западен Балкан
Тргнувајќи од добрата соработка воспоставена помеѓу НИЧПи во регион во многу различни области, конференцијата имаше за цел да промовира натамошно продлабочување на меѓусебната синергијата и соработката во насока на зацврстување на нивната централна улога во унапредувањето и заштитата на фундаменталните слободи и права како главен предуслов за одржлив развој и кохезија.
Низ дискусиите, беа разгледани и мапирани областите и прашањата од заеднички интерес и потенцијални облици и начини за поинтензивна и непосредна соработката.
Отворен и конструктивен дијалог меѓу претставниците на НИЧПи, агенциите на ОН, граѓанскиот сектор, организации на
лицата сопопреченост од земјите на Западен Балкан.
16:20 - 16:30 Заклучоци и препораки
-Насер Зибери, Народен правобранител на Република Северна Македонија
Од Мобилност Македонија на конференцијата присуствуваше Горан Спасов.
Работни јазици на конференцијата беа: англиски и јазиците што се зборуваат во регионот (македонски, албански, босански, српски, црногорски, хрватски).