НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
LogoНа 30.03.2022 година во 09:30 часот, во просториите на Владата на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу претседателите на националните инвалидски организации (на лицата со телесен инвалидитет, слепите, глувите и интелектуално попречените лица), од една страна, и претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски и Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник во владата, од друга страна.
Беше дискутирано за повеќе прашања од областа на социјалната политика, социјалните услуги и заштита на правата на лицата со инвалидност, но главен акцент беше ставен на нашето барање за зголемување на надоместоците за нега и помош од друго лице, посебниот додаток и надоместокот за попреченост, како и нивно врзување за просечната месечна плата исплатена во РСМ, или нивно позиционирање на одредено ниво и подоцна редовно усогласување по швајцарската формула, слично решение како кај усогласување на пензиите на пензионерите.
Имено, барањата на Мобилност Македонија и на здружените членки на НСИОМ се:
- Надоместокот за попреченост да изнесува 40% од просечната месечна плата исплатена во Република Северна Македонија за минатата година, усогласена според нова методологија за порастот на надоместокот врз основа на таканаречена швајцарска формула, односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата;
- Посебниот додаток да изнесува 35% од просечната месечна плата исплатена во Република Северна Македонија за минатата година, усогласена според нова методологија за порастот на надоместокот врз основа на таканаречена швајцарска формула, односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата;
- Надоместокот за нега и помош од друго лице во поголем обем да изнесува 30% од просечната месечна плата исплатена во Република Северна Македонија за минатата година, усогласена според нова методологија за порастот на надоместокот врз основа на таканаречена швајцарска формула, односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата;
- Надоместокот за нега и помош од друго лице во помал обем да изнесува 26,5% од просечната месечна плата исплатена во Република Северна Македонија за минатата година, усогласена според нова методологија за порастот на надоместокот врз основа на таканаречена швајцарска формула, односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата;
На ова наше барање ни беше одговорено дека веднаш после нашиот состанок, претставниците од Владата на РСМ ќе одат на состанок со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ќе и ги презентираат нашите барања, а деновиве ќе остварат средба и со премиерот Ковачевски, кој не можел да не прими на разговор во овој период заради засилени државнички обврски и состаноци.
Истакнаа дека се работи во моментов на изготвување на пресметка и барање за ребаланс на буџетот за зголемување на постоечките износи на надоместоците од 15% засега, а како натаму ќе се одвива динамиката на зголемување, не можеа да ни кажат без дополнителни консултации со релевантните институции.
Побаравме најитно можно, а не подоцна од идната недела, да не информираат за договореното меѓу институциите, за очекуваните резултати и интервенции на Владата на РСМ и министерството за труд и социјална политика во оваа насока.
Исто така не известија дека работат и на решавање на другите наши барања чии преговори се приведени во завршна фаза, како што се намалување на рокот за чевлите на 6 месеци (односно два пара чевли годишно, летни и зимски) а не на 12 месеци како досега. да се исфрли критериумот вработеност или школување за остварување на право за добивање на инвалидска кличка на електромоторен погон, тифло тактички додатоци за лицата со оштетен вид и сл.