На 21.03.2012 година во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, во комплетна организација на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, а со подршка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија во делот од просторот за презентација, беше одржана презентација на нови ортопедски помагала.
Беа презентирани следните ортопедски помагала:1. УЦБЛ ортоза за лекување на деформитети на стопало,
- презентер Светислав Исаилов ЦПО 2 категорија
2. ТЛСО Корсет за рбетен столб,
-презентер д-р. Марија Богоевска 10 мин.
3. Ортоза за колк,
-презентер д-р. Марија Богоевска 10 мин.
4. Ортоза за врат,
-презентер д-р. Марија Богоевска 10 мин.
На презентацијата присуствуваа голем број на лекари, ортопеди, физијатри, кои всушност и ги препорачуваат препишуваат ортопедските помагала на корисниците, а низ дискусијата се дојде до повеќе заклучоци во врска со индикациите, квалитетот на помагалата, начинот и времетраењето на носењето од страна на пациентите, како и бенефитот од нивното користење.
Поголемиот број од презентираните помагала се на терет на ФЗОМ.
VII |
01-11.07.2012 |
Битола |
23 |
Свети Николе |
3 |
||
VIII |
11-21.07.2012 |
Скопје |
26 |
IX |
21-31.07.2012 |
Тетово |
26 |