НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

mtspМинистерството за труд и социјална политика во рамките на реализација на мерката за вработување на триста лица со инвалидност, ги информира граѓаните, националните инвалидски организации, здруженија на граѓани, медиумите и целокупната македонска јавност, дека на ден 16.10.2013 објавува:

Предлог - критериуми, услови за бодирање и потребна документација за засновање на работен однос на неопределено работно време за 300 извршители (лица со инвалидност).

Предложените критериуми се објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика  www.mtsp.gov.mk, а со цел да да се дадат предлози, коментари, сугестии или забелешки во однос на истите , како и транспаретност на целокупниот процес на вработување.

Ги повикуваме сите заинтересирани страни да се вклучат во овој процес и дадат коментари на  е- маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до недела, 20.10.2013година.

Во прилог ви ги доставуваме и предлог критериумите, условите за бодирање и потребната документација за засновање на работен однос на неопределено работно време за 300 извршители, лица со инвалидност.

 

ЈАВЕН ОГЛАС -  ПРЕДЛОГ КРИТЕРИУМИ (Превземи го огласот - PDF)

 

Влада на Република Македонија

Министерство за труд и социјална политика

Одделение за односи со јавност