НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

11Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет во месец мај оствари контакт со годпоѓа Сара Џимер, директор на секторот за безбедност и односи со јавност при Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Целта на посетата на Сара Џимер на просториите на нашата федерација беше желбата да им помогне финансиски на македонските параолимпијци – стрелци со средства кои ќе ги искористат за покривање на трошоци за учество на следните натпревари во тековната година. 

 Имено, на 6,7,8 и 10 јуни, во Скопје се одржаа пријателски фудбалски натпревари помеѓу фудбалскиот тим составен од дипломатите од Министерството за надворешни работи на Велика Британија, со тимовите од Македонија и тоа: Фудбалскиот тим на АРМ, тимот на поранешни професионални фудбалери, тимот на Министерството за надворешни работи и тимот на Министерството за внатрешни работи. Цената на билетите беше симболична во износ од 100,00 денари за возрасни и 50,00 денари за деца, а натпреварите се играа на стадионот на АРМ во Скопје.

Очекуваме во најскоро време да оствариме контакт со госпоѓа Сара Џимер, уште еднаш да се заблагодариме за пристојниот гест и да ја добиеме сумата од продадените билети, колку и симболична да е.