Меѓународен натпревар помеѓу пингпонгарските репрезентации на Македонија и Хрватска
Во рамките на 25-те Републички спортски игри на лицата се телесен инвалидитет на Македонија се одржа двомеч помеѓу пингпонгарските репрезентации на Македонија и Хрватска. Во 2 натпреварувачки дена се одиграа 4 натпревари. Селекторот на македонската репрезентација, Страшко Коцевски, изврши ротација во тимот на неколку натпреварувачи. Всушност, на тест ги стави сите квалитетни натпреварувачи на кои смета во иднона. За жал, нашата репрезентација загуби во сте 4 натпревари од поквалитетниот тим на Хрватска. Во разигрувањето беа постигнати следните резултати:
07.06.2013 МАКЕДОНИЈА - ХРВАТСКА
0 : 5
Марјан Зафировски (класа 7) : Емил Губица (класа 9) 0:3 (7:11, 7:11, 4:11)
Томи Јаневски (класа 7) : Виктор Јозиќ (класа 7) 0:3 (1:11, 6:11, 9:11)
Трајче Стојановски (класа 4) : Ивица Вугринец (класа 4) 0:3 (7:11, 6:11, 5:11)
Томи Јаневски (класа 7) : Емил Губица (класа 9) 0:3 (3:11, 4:11, 2:11)
Марјан Зафировски (класа 7) : Виктор Јозиќ (класа 7) 1:3 (14:16, 11:5, 7:11, 5:11)
ХРВАТСКА - МАКЕДОНИЈА
4 : 1
Емил Губица (класа 9) : Рубинчо Ристески (класа 8) 3:0 (11:4, 11:9, 11:7)
Виктор Јозиќ (класа 7) : Страшко Коцевски (класа 10) 1:3 (11:9, 6:11, 6:11, 5:11)
Ивица Вугринец (кл. 4) : Трајче Стојановски (кл. 4) 3:0 (11:2, 11:3, 11:4)
Виктор Јозиќ (класа 7) : Рубинчо Ристески (класа 8) 3:1 (9:11, 11:7, 16:14, 11:8)
Емил Губица (класа 9) : Страшко Коцвски (класа 10) 3:1 (11:6, 12:10, 7:11, 13:11)
08.06.2013 МАКЕДОНИЈА - ХРВАТСКА
1 : 4
Марјан Зафировски (класа 7) : Емил Губица (класа 9) 0:3 (5:11, 6:11, 5:11)
Томи Јаневски (класа 7) : Виктор Јозиќ (класа 7) 3:2 (3:11, 11:8, 11:9, 10:12, 17:15)
Муштеба Амети (класа 4) : Ивица Вугринец (класа 4) 0:3 (9:11, 5:11, 8:11)
Томи Јаневски (класа 7) : Емил Губица (класа 9) 0:3 (3:11, 5:11, 5:11)
Марјан Зафировски (класа 7) : Виктор Јозиќ (класа 7) 1:3 (11:8, 8:11, 9:11, 6:11)
ХРВАТСКА - МАКЕДОНИЈА
4 : 1
Емил Губица (класа 9) : Рубинчо Ристески (класа 8) 3:0 (11:7, 11:9, 11:2)
Виктор Јозиќ (класа 7) : Александар Димоски (кл. 9) 3:0 (11:6, 11:8, 11:4)
Ивица Вугринец (класа 4) : Муштеба Амети (класа 4) 3:0 (11:6, 11:5, 11:7)
Виктор Јозиќ (класа 7) : Рубинчо Ристески (класа 8) 2:3 (11:9, 13:11, 11:13, 7:11, 9:11)
Емил Губица (класа 9) : Александар Димоски (кл. 9) 3:0 (11:2, 11:5, 11:7)
Со цел да ги запознаеме читателите кои не се запознаени со значењето на класите во пинг понг: класите од 1-5 ги означуваат спортисти кои играат во инвалидска количка, додека класите од 6-10 ги означуваат спортистите кои играат стоечки. Повисокиот број на класата значи полесен (помал процент на) инвалидитет.
Како и да е, ова беше одлично искуство за нашите пингпонгари и поттик во иднина да пристапат кон редовен тренажен процес, бидејќи доколку имаат намера да напредуваат, мора да тренираат под стручно раководство.