Одржани 25-ти Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија
Од 06-09.06.2013 година на спортските борилишта во Охрид и Струга беа одржани 25-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија. На игрите настапија 80 натпреварувачи од Мобилност Македонија. Овие игри имаа и меѓународен карактер, бидејќи во рамките на игрите се одржа двомеч помеѓу пингпонгарските репрезентации на лицата со инвалидност на Македонија и Хрватска. Заради обврските и учество на меѓународни турнири, првиот тим на Хрватска во пинг понг не беше во можност да одговори на нашата покана за учество. На наше задоволство, селекторот на Хрватска во пинг понг, Емил Губица, успеа да обезбеди двајца играчи од вториот тим на Хрватска и заедно со еден тренер и двајца придружници допатуваа во Македонија. Пингпонгардскиот тим на Хрватска го сочинуваа: Емил Губица – селектор и спортист, Ивица Вугринец и Велибор Јозиќ – спортисти, Мирела Шикоронја – тренер и Антон Ѓерек – асистент.
Повеќе: 25-ти Републички спортски игриМеѓународен натпревар помеѓу пингпонгарските репрезентации на Македонија и Хрватска
Во рамките на 25-те Републички спортски игри на лицата се телесен инвалидитет на Македонија се одржа двомеч помеѓу пингпонгарските репрезентации на Македонија и Хрватска. Во 2 натпреварувачки дена се одиграа 4 натпревари. Селекторот на македонската репрезентација, Страшко Коцевски, изврши ротација во тимот на неколку натпреварувачи. Всушност, на тест ги стави сите квалитетни натпреварувачи на кои смета во иднона. За жал, нашата репрезентација загуби во сте 4 натпревари од поквалитетниот тим на Хрватска. Во разигрувањето беа постигнати следните резултати:
Повеќе: Меѓународен натпревар: Македонија - ХрватскаВо просториите на Мобилност Македонија во присуство на повеќе лица со телесен инвалидитет кои управуваат моторни возила беше организирана презентација на рачни команди за управување на моторни возила со автоматски менувач на брзини. Презентер беше иноваторот и идејниот автор, г-дин Јожа Песјак од Словенија, кој истакна дека имаат лиценца за изработка на рачни команди за управување со моторни возила, и дека истите се атестирани, хомологирани и одобрени за употреба во државите на Европската унија. Поред лицата со телесен инвалидитет, на презентациата беше присутен и претставник од Заводот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје, во функција на идни можни вградувачи на рачни команди за управување на моторни возила со автоматски менувач на брзини.
Повеќе: Презентација на рачни команди за автомобил со автоматски менувач на брзиниНационалната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет во месец мај оствари контакт со годпоѓа Сара Џимер, директор на секторот за безбедност и односи со јавност при Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Целта на посетата на Сара Џимер на просториите на нашата федерација беше желбата да им помогне финансиски на македонските параолимпијци – стрелци со средства кои ќе ги искористат за покривање на трошоци за учество на следните натпревари во тековната година.
Повеќе: Иницијатива на Британска амбасада во МакедонијаПо завршување на Параолимписките игри во Лондон минатата година, македонските стрелци на првиот и единствен меѓнароден натпревар годинава, Светскиот куп во стрелаштво во Анталија од 13-18 мај го крунисаа со освоени 4 минимум норми за учество на Европското пвенство во стрелаштво, што ќе се одржи во Аликанте, Шпанија, во октомври годинава и со три медали.
Повеќе: Две златни медали за Оливера Наковска-Бикова