3-та тематска средба и одбележување на јубилеј 20 години Мобилност Кавадарци
Согласно одлуката на Управниот одбор на Мобилност Македонија, на 20.10.2012 година во Кавадарци, во салата на ресторанот Ангропромет – Тиквешанка, во присуство на членови од здруженијата на Мобилност Македонија беше одржана третата по ред за годинава тематска работилница во рамките на која беше пригодно одбележан и јубилејот 20 години успешно работење и делување на Мобилност Кавадарци, дваесет години на преземени многубројни активности за остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет на територија на општина Кавадарци.
Повеќе: 3-та тематска средбаНОВ ЗАКОН ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Во Службен весник на РМ бр. 98 од 01.08.2012 година објавен е новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување на. Ова е сосема нов закон со што значително се упростува работата со овој Закон бидејќи досегашниот закон имаше голем број на измени и дополнувања и неговата примена во пракса дури и за правниците кои се навикната да работаат со бројни измени на законите беше тешко да се снајдат и да дадат толкување на некои одредби. Сепак, се работи за еден системски и комплексен закон кој регулира една значајна област од животот и неговите одредби сите нас не засегнуваат на овој или оној начин. За правилната примена на овој Закон не е потребно само да се познава вештината на толкувањето туку потребно е и долгогодишно работно искуство во оваа област и добро познавање на прописите.
Повеќе: Нов закон за ПИОМеѓународна тематска работилница Охрид 2012
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија од 02-05.10.2012 година во Охрид одржа меѓународна тематска работилница на која учествуваа претставници од Сојузот на параплегичарите на Словенија, предводени од претседателот Дане Кастелиц, и Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија, предводени од претседателот Михајло Пајевиќ. Делегацијата на Мобилност Македонија беше во состав: Браними Јовановски – претседател, Софка Прчева – генерален секретаар, Велибор Јаќимовски, Рашо Талунџиќ, Ристо Фотевски, Венко Голабоски, др.Нико Јанков, Муштеба Амети и Митко Фидановски – членови на Управен одбор и Собрание на Мобилност Македонија.
Повеќе: Меѓународна тематска работилницаOдржано 24-то државно првенство во шах за лица со телесeн инвалидитет
На 06-07 октомври 2012 година во хотел „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, беше одржано дваесет и четвртото државно првенство во шах за лицата со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија и Националната федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет. Првенството се играше по Швајцарски систем во седум кола, викенд правила на ФИДЕ, со темпо на игра – 30 минути по играч. За победниците при ист број на поени решаваа подобар прогрес, потоа бухолц, број на победи – по приоритет.
Работилница за правата на лицата со инвалидност во здравството
На 27-28.09.2012, Министерството за здравство ја организираше горенаведената работилница со поддршка на Институтот на ЕК за техничка помош, информации и размена. Истата е поддржана од Конвенцијата на Светската Здравствена Организација. Основна цел на работилницата е подигнување на капацитетот на здравствените работници и другите вработени во здравствениот сектор, со осврт кон здравјето и инвалидноста преку интеграција и научен пристап. Целта е да се промовира имплементација на „холистички“ пристап кон инвалидноста, социјален аспект, а не само медицински или биолошки дисфункции.
Повеќе: Работилница - здравство