НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

kampanja2ТЕМА НА КАМПАЊАТА: Овозможување на пристапност за лицата со телесна попреченост
МОТО НА КАМПАЊАТА: ОДИ СО МЕНЕ

ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА: Подигање на нивото на јавната свест за архитектонските бариери во опкружувањето кои целосно ја попречуваат инклузијата на лицата со телесна попреченост во сите пори на општествениот живот.

Лајтмотив на кампањата: е ангажирање на јавноста преку предизвик за снимање кратко креативно видео под наслов "Оди со мене" на тема пристапност.

Повеќе: ДЕКЕМВРИСКА КАМПАЊА на Центар за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје во соработка со...
LogoПочитувани членови на Мобилност Македонија, денес се навршуваат 34 години од формирањето на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија.
Овој ден традиционално го одбележувавме со организирање на тркалезна маса во присуство на градоначалници и други авторитети од локалната самоуправа, домаќин на настанот, на која говоревме за потребите од поддршка на лицата со телесен инвалидитет во нивното непречено вклучување во општеството преку креирање на еднакви можности.
За жал, пандемијата од корона вирусот и рестриктивните мерки за организирање и присуство на групни настани годинава не спречија да ја продолжиме традицијата, но не не спречуваат да се сетиме на денот и да посакаме уште многу успешни преговори со институциите за подобрување на правата на лицата со телесен инвалидитет, но и кампањи за подигање на нивото на свесноста за потребите на овие лица.
Нека ни е честит денот.

president1На средбата со претставниците на Националниот совет на инвалидските организации по повод Светскиот ден на лицата со попреченост претседателот Стево Пендароски најави дека нема да потпише указ на Законот за градба доколку во него не се вградат забелешките на лицата со попреченост, а една од нив е одредбата секоја нова градба да има пристап за инвалиди.

На средбата, претставниците на Националниот совет на претседателот Пендаровски му ги укажаа проблемите и предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат. Пред сѐ, ја посочија непристапноста на објектите, недостапноста до образованието, невработеноста на лицата со попреченост, ниските надоместоци од државата, недостиг на соодветни помагала.

Во насока на подобрување на дел од состојбите, претседателот Пендаровски искажа ветување дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за градба доколку во него не се имплементирани главните сугестии на лицата со попреченост, а коишто предвидуваат новите објекти да бидат пристапни за лица со попреченост.

Повеќе: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА, Н.Е. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, НА ТРИБИНА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЧЛЕНКИТЕ НА...
kampanjaПо повод Меѓународен ден на лицата со попреченост,  во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет  а спроведено од  , организира заедничка ХУМАНИТАРНА кампања на тема ПРИСТАПНОСТ!
Кампањата "ОДИ СО МЕНЕ" е кампања со една и единствена цел- да се подигне свестта за адаптирање и подобрување на пристапот до сите јавни површини и објекти, за полесно секојдневно функционирање на лицата со попреченост. Оваа кампања, при која се приклучија и јавни лица го користи гласот на народот за овозможување на еднакви можности и еднаков третман за сите!
За таа цел, потготвивме предизвик, во кој учесникот треба да се обиде да се движи/ да влезе во избран јавен објект каде што пристапот не е адаптиран за лица со попреченост, но истото да го прават на некој од следните начини:
• со врзани очи
• со врзани (споени) нозе
• движејќи се на назад
Повеќе: Славеј АД - Центар за ортотика и протетика - Кампања "ОДИ СО МЕНЕ"

trkaleznaПочитувани членови, подолу можете да го најдете линкот за да ги следите обраќањата на Премиерот Зоран Заев, претседателот на НСИОМ, Томица Стојановски (во името на сите членки на советот, меѓу кои и Мобилност Македонија), министрите за труд и социјална политика, образование и наука и здравство, како и претставници на канцелариите на ЕУ и ООН во Македонија.

Почеток 09:00

Втора сесија почеток 10:30

https://www.youtube.com/video/aUEwGcx30n0/livestreaming